Три години пропаганда генерирана од Владата на Р.Маекдонија не успева да ги убеди граѓаните дека не осиромашуваат, и дека нивните џебови имаат повеќе пари. Последна изјава беше и на премиерот Заев кој тврдеше дека граѓаните се побогати, економијата цвета, а џебовите им се полни. Демек, 36 денари покачување на пензиите се доволни, а нормативното покачување на минималната плата е доволна мерка, пишува Инфомакс.
„Срамота, како не им беше срам тоа да го објават“ – вели една повозрасна госпоѓа, која беше резигнирана од мерката за покачување на пензиите.
Друг „збогатен“ граѓанин пак вели дека веќе два пати работел во странство, а се подготвува и по трет пат да замине но овој пат дека нема да се врати.
Плоштадот, Камениот мост, улицата „Македонија“ изгледаат морничаво. И кога ќе ја гледате анкетата, имајте во предвид дека тие што зборуваат се најхрабрите. Оние кои веќе го завршиле работниот век, па нема кој да им се заканува со работно место, или пак оние кои решиле да си заминат од државата па ич гајле не им е дали некој ќе им замери затоа што кажале како живеат.
Стравот кај младите пак, досега невидено. На секој обид да добијам одговор добивав замолница да ги одминам нив, младите, бидејќи се плашат дека некој ќе ги види. Дури и се правдаа дека не сакаат да се „замерат“ со власта. Замислете, да не се замереле со оние кои тие ги донеле на власт. И ги јадат нивните пари. Страшно.
Во старата скопска чаршија пак, ништо поразлично. Луѓето бегаат од камерата, а оние кои одлучија да одговорат немаа што да изгубат. Сѐ изгубиле, или пак и тие се спремаат да „бегаат“.
Од одговори се исплаши дури и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Ни се извини и си замина. Не сака да се „замерува“.
Извор: Инфомакс.мк