петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазороски: Платите не ни стигнуваат да си ги покриеме сопствените трошоци, нас ни треба финансиска помош веднаш

Лазороски: Платите не ни стигнуваат да си ги покриеме сопствените трошоци, нас ни треба финансиска помош веднаш

Значи членството на СОНК во последните четири, пет месеци, од ноември месец во криза, инфлацијата во оваа држава е отидена многу повеќе отколку што званично гласи, од енергенси до храна, и нашите плати не ни стигнуваат да си ги покриеме сопствените трошоци, вели Витомир Лазороски, претседател на училишната организација на од СОНК за Карпош во гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизија Телма.
На прашањето колкави се платите во основното образование, Лазороски рече дека тој е наставник во основно образование, со работен стаж од над 20 години зема плата од 27.500 додавајќи дека државата ги остава да преживеат.

– Можам да кажам за мојата, јас сум со над 20 години стаж и не сум класен раководител, професор во основно образование по математика и физика, и мојата плата е 27.500 денари, ако погледнеме дека колкава е просечната плата во државата, и ако ги погледнеме колкав е просекот на платите во јавниот сектор која што е многу мала, излегува дека приватните работодавачи многу се грижат за своите вработени, а државата како најголем работодавач нас не остава да преживееме, изјави тој.

– Нас ни треба финансиска помош веднаш и сакаме, рече тој.

Најнови вести