Деновиве можевте да видите и слушнете уште една дволичност на актуелниот градоначалник Аце Коцевски кога невешто се обиде да ги ескивира фактите и аргументите за пречинатиот криминал и штета по општинскиот буџет од страна на екс раководителот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Парк спорт на кој ВМРО-ДПМНЕ благовремено укажа, истакна Кирил Лазов, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.
-Затоа почитуван Коцевски во оваа прилика ќе ви поставиме уште неколку прашања. Зошто речиси повеќе од една година на седниците на Советот не беше спомнат ниту збор за ова јавно претпријатие? Кој ја контролираше работата на ова јавно претпријатие кое е под ингеренции на општината? Зошто дозволивте за целиот период ЈП Парк спорт да нема управен одбор, други органи на контрола, правилник за распределба на плати и слично? Зошто навреме не проверивте каде, како и зошто се исплаќаат илјадници денари на граѓаните даночни обврзници на име на непостоечки адвокатски услуги, И на крајот ќе ја прифатите ли вие лично одговорноста за овој скандал и ќе поднесете ли кривична пријава за сторениот криминал?, запраша Лазов и додаде:
„Господине Коцевски. Многу лесно сакате да помините за овој скандал, за кој вина сносите и Вие како најодговорен за работата и контролата на јавните претпријатија кои се под ингеренции на општината. Наместо да ни попувате и делите совети, редно е да ги засукате ракавите и од демагогија да премините во пракса. Граѓаните се уморни од вашите оправдувања Коцевски. Ако од дрвото не ја гледате планината тоа е ваш проблем, граѓаните на Велес не се толку наивни, не ги потценувајте. Тие даночните обврзници се должни да знаат каде и како отишле нивните пари во нечии џеб а за тоа никој да не одговара. Прагот на толеранција одамна го поминавте. Не е добро да ја замајувате јавноста Коцевски, за сите ваши манипулации граѓаните ќе ве казнат и тоа во првата дадена прилика“.