четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЛДП: Ќе го поддржиме консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија

ЛДП: Ќе го поддржиме консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија

Либерално- демократската партија ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, кој ќе биде усогласен меѓу партиите на владејачката коалиција, но и со останатите вонпарламентарни партии. Оваа одлука членовите на Извршниот одбор ја донесоа на вечерашната седница, информираат од партијата.

-За Либерално – демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата. Во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество. Од своето постоење до денес Либерално – демократската партија покажала дека државните и националните интереси се секогаш на прво место, велат од ЛДП.

Најнови вести