понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Денеска што се случи со седницата е директна саботажа од највисоки кругови на власта

Лефков: Денеска што се случи со седницата е директна саботажа од највисоки кругови на власта

„Ние обелоденивме скандали кога се делеа пасоши на белосветски криминалци. Како заврши? Зошто не заврши тоа во одделението за борба со организиран криминал и корупција? Тоа ги исполнува сите критериуми за организиран криминал, има меѓународни аспекти, има финансиски импликации, има вмешано голема група на луѓе. Како заврши? Со осум обвиненија и едно обвинение за помагач во аферата „Пасоши“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков додаде преку медиуми јавноста дознава како одредени криминалци на владина седница добиваат македонско државјанство, практично кој сака добива македонско државјанство со оваа власт. Целосно се нарушува угледот на Македонија како НАТО членка.

„Целосно се нарушува угледот на Владата и кога доаѓа во Собрание, за да Собранието ја оствари својата надзорна функција врз работата на Владата и владини тела во случајот сега станува збор за Агенција за национална безбедност, се случува тајна седница. Тогаш се претресуваат колегите пратеници, се оставаат телефоните, чантите и уредите, се пуштаат внатре само тие што имаат безбедносен сертификат строго доверливо и во исто време на јутјуб каналот може да се слушне аудио од таа тајна седница“, рече Лефков.

Тој запраша кој, кого таму саботира и зошто се случи сето тоа, и кој не сака да се дознае вистината.

„Кој не сака да ја дознае вистината? Или Владата, тоа значи Ковачевски, или директорот на Агенцијата за национална безбедност, или пак Оливер Спасовски. Треба да преземат одговорност. Ова е директна саботажа од највисоки кругови на власта“, нагласи Лефков.

Најнови вести