петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков до Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, знаете дека Мицкоски пардон со криминалот нема да има, затоа сите напади се кон него – Ќе одговарате!

Лефков до Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, знаете дека Мицкоски пардон со криминалот нема да има, затоа сите напади се кон него – Ќе одговарате!

пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков преку статус на Фејсбук пишува дека Артан Груби и Димитар Ковачевски ќе одговараат и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нема пардон со криминалците.

„Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните.

Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има.

Груби ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете“, вели Лефков во својот пост на Фејсбук.

Најнови вести