„Прашањето е колку се несигурни во себе кога не ја преземаат основната одговорност како Влада? Владата која што е предводена од претседателот на СДСМ, на чело со Ковачевски предлага закон преку министерството за правда, доаѓа во Собрание во кое што тие имаат мнозинство и преку претседателот на Собранието доаѓа во Комисија за европски прашања. И прашањето е зошто во јавноста не ја преземаат одговорноста за воведување на неказнивоста како принцип, и имаат потреба од изговори во јавноста од типот вие не не прекинавте, вие не предложивте доволно амандмани итн.“, запраша Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со донесувањето на измените во Кривичниот законик од страна на власта.
Лефков додаде дека власта треба да престане да ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Граѓаните многу добро знаат зошто власта ги донесе измените во Кривичниот законик.
„Зошто не си ја преземат одговорноста за она што го направиле? Во Комисија за европски прашања јасно се знае колку може да се блокира. Од власта нека си ја преземат одговорноста. Нема потреба од ова“, рече пратеникот Лефков.
Тој ја запраша и пратеничката Калеска Ванчева ако добро го прочитала Кривичниот законик дали го прочита членот 3 став 2 каде што јасно пишува дека по извршувањето на делото ако дошло до промена на Кривичниот законик еднаш или повеќе пати се користи оној кој што е поблаг за сторителот.
„Ако добро сте го прочитале Кривичниот законик колешке, дали го читавте и членот 3 став 2? Членот 3 став 2 ќе ви каже дека по извршувањето на делото ако дошло до промена на Кривичниот законик еднаш или повеќе пати се користи оној кој што е поблаг за сторителот. Ете тоа е мотивот кој што ги води. Затоа од власта нека не кажуваат приказни на јавноста дека се подготвуваат други измени“, појасни Лефков.
Лефков нагласи дека тој и како другите пратеници гласаа ПРОТИВ, а власта гласаше ЗА.