Денеска обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава до кумот на Ковачевски затоа што не се извршени работите за надзор при поставување на улично осветлување во Општина Гази Баба, рече членот на ИК и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во вечерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма Телевизија.
„На 31.05.2021 година добиле 48 илјади евра е поднесена кривична пријава затоа што комисијата утврдила дека не се извршени соодветните работи кои биле превземени, мислам дека за тоа станува збор за надзор“, рече Лефков.
Лефков посочи дека во етичкиот кодекс се вели дека врвен интерес треба да биде јавниот интерес а на интерес за себе или за свои лични блиски лица.
„Замислете било кој премиер во Европа да има вакви исплати на државна помош на фирмата на својот кум и на фирма која сам ја основал замислете тоа каков скандал ќе биде“, кажа Лефков.
Тој чувствува дека се узурпирани институциите. Аферата „Броило“ ќе биде тест за институциите.
„Ако вие имате кум и вашиот кум има одредена фирма и таа фирма користи државна помош во време кога ни затвараат 6,500-тини фирми, па ќе го видите министерот за финансии како не убедува дека тој бил природен процес“, изјави Лефков.
Тој посочи дека откако ќе се соберат сите околности ќе се отиде до обвинителство и ќе се тестираат институциите.
„Сакаме најпрвин на јавноста на серија прес-конференции да ги изнесеме сите околности кои ги имаме околу овој случај, а тие се многу на крајот кога ќе ги собереме сите ќе отидеме во обвинителство и ќе ги тестираме институциите“, потенцираше Лефков.