сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Ковачевски има помал процент на доверба од процентот на инфлација, затоа потребни се избори веднаш

Лефков: Ковачевски има помал процент на доверба од процентот на инфлација, затоа потребни се избори веднаш

Македонија е држава која со ваква ненародна власт континуирано е во криза, а имаме пораз практично на сите полиња и време е да побараме и предвремени парламентарни избори, бидејќи на власт е нелегитимна влада, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во денешното гостување во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер.

Не може да имате премиер кој што државата не го познава, кој не излегол на избори и сега замислете тој е одговорен за трошење на огромни суми на буџетски пари за сервисирање на кризите кои што тие сами не доведоа, рече Лефков.

Лефков посочи дека граѓаните живеат од ден на ден се посиромашно, нагласувајќи дека власта вината за кризите во државата ги наоѓа во надворешните фактори, а не во сопствената неспособност.

Ако внимателно ги проследите сите изјави на политичарите од власта без разлика дали е тоа министер, дали станува збор за пратеници, високи политичари, тие секогаш се повикуваат на корона кризата како надворешен фактор, војната во Украина, целосно занемарувајќи го она кое што во економијата се вели внатрешни фактори,а притоа секогаш кога се трошат буџетските пари се трошат за таа цел за да се влијае на внатрешните фактори. И сега ќе видете дека во државата имаме двоцифрена инфлација што практично значи дека парите кои што ги добиваат работниците со кои што располагаат во веќе најсиромашната држава во Европа секој ден ја губат својата вредност и граѓаните секој ден живеат се посиромашно, истакна тој.

Лефков смета дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори, во услови кога премиерот Ковачевски има помал процент на доверба од процентот на инфлација во Македонија.

Ковачевски има помал процент на доверба од инфлацијата, кога имате 8 проценти на доверба Ковачевски и 10,5 процени за инфлација јасно е дека она што треба да се направи се предвремени парламентарни избори, дециден е Лефков.

Најнови вести