среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Ковачевски се грижи само за приборот за јадење во Влада, а не и за кризите во земјава

Лефков: Ковачевски се грижи само за приборот за јадење во Влада, а не и за кризите во земјава

Многу е јасно дека оваа влада нема поддршка од граѓаните. Енергетска криза беше мај и јуни минатата година, сега имаме катастрофа. И додека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за кризата, министерот Крешник Бектеши велеше дека не постои опасност од енергетска криза и оти е измислица на опозицијата.Тој сега останува да го води истото министерство, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 24.

„Затоа тие луѓе треба да сносат одговорност бидејќи не презема мерки на време, тогаш требаше да се преземат активности. На време требаше да е во употреба ладната резерва на ТЕЦ Неготино, а не да ја стартуваме пред 15-тина дена“, рече Лефков.

Тој се надоврза и на здравствената криза укажувајќи дека за еден ден има скоро две илјади лица заболени.
„Филипче не излезе да ги смири граѓаните, а не да преземе мерки“, рече Лефков.

Според него мандатарот Димитар Ковачевски „се грижи за есцајгот во Влада, а не излегува на терен да преземе активни да ги смири луѓето во Битола каде има земјотреси“.

„Граѓаните спијат на улици, а само локалната власт е со нив и им излегува во пресрет“, рече Лефков.

Најнови вести