сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков на Фејсабук: ДУИ се плаши дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обелодени нивните криминали

Лефков на Фејсабук: ДУИ се плаши дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обелодени нивните криминали

ДУИ ги вклучија своите мегафони за плашење на албанците, дека 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали влијанието на албанците, напиша на Фејсбук пратеникот Миле Лефков.

Па да им кажам дека 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ значат крај за криминалот на ДУИ, и злоупотребувањето на албанците кое го прават тие, за да можат да прават криминал. 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ, се сигурност за граѓаните, и македонците и албанците, дека криминалците без разлика од која партија се ќе одговараат, како и сигурност дека ќе има одговорност за пожарот во Тетовската болница, за Ласкарци, за Беса транс. 61 пратеник за да докажеме дека Али не е херој, туку човек со лепливи прсти на грбот на Македонците и Албанците заедно. 61 пратеник за стоп на зидовите и делбите и лагите на Артан и Османи. 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ, се гаранција дека Македонија ќе почне да се развива, а не земја каде се крадат пари од државата со фиктивни фактури, затоа што во тоа се вмешани луѓе од ДУИ, истакна Лефков.

61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ се гаранција за Македонија, европска и напредна. За сите нејзини граѓани, додава тој.

Најнови вести