вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Наместо да се разговара за подобра ситуација во здравството, образованието, енергетиката, владините функционери разговараат за што поголеми провизии кои треба да завршат во нивните џебови

Лефков: Наместо да се разговара за подобра ситуација во здравството, образованието, енергетиката, владините функционери разговараат за што поголеми провизии кои треба да завршат во нивните џебови

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ , Миле Лефков во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за катастрофалната состојба во која се наоѓа Македонија при што потенцираше дека државата се наоѓа во ваква ситуација затоа што на коалиционите средби се разговара само за провизиите кои треба да завршат во џебот на функционерите од власта.

-Погледнете ја енергетиката, здравството, образованието и сега замислите вие сте премиер кој што својот народ го носите од еден во друг, во трет пораз. Излегува Васко Ковачевски и вели дека му требаат 150 милиони евра за купување на електрична енергија, за недостатокот на струја, после неколку дена излегува Димитар Ковачевски и вели ни требаат 300 милиони. Како сумата од 150 порасна на 300 милиони и секој нормален човек ќе помисли дека во меѓувреме на тие коалициони средби на кои практично се договараат кои ќе ни бидат уставни судии, кои ќе ни бидат премиери дека утврдиле само повисоки провизии, рече Лефков.

Лефков во текот на своето гостување посочи дека одговорните луѓе во власта функционерите премолчуваат за неправдите и затоа немаме владеење на правото.

-Замислете да сте премиер на една држава која што себеси си се нарекува европска држава која треба да се стреми за европски вредности, а една европска вредност е демократијата, а демократијата значи дека врвното право на изјаснување и одлучување припаѓа на народот, во Уставот пишува дек суверенитет произлегува од народот. Сега замислете да сте премиер во кој спикерот на Собранието не дозволува, па тој требаше прв да реагира затоа што тие луѓе ни ги водат институциите, затоа што владеењето на правото нема никаква смисла ако не функционираат институциите. Наместо силни институции ние градиме силни поединци и затоа наместо силно Собрание на Република Македонија јавноста гледа еден силен и неправеден спикер, а тоа е Талат Џафери. Мене ме изненадуваат сите други актери, одговорни луѓе во државата кои што треба да се грижат за спроведувањето на Уставот, за законите кои што начелно и декларативно се залагаат за европската иднина на Македонија, а всушност гледаме дека премолчуваат вакви големи неправди, додаде тој.

Најнови вести