понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Новата влада е нова амбалажа на Заев и заевизмот во ликот на Ковачевски

Лефков: Новата влада е нова амбалажа на Заев и заевизмот во ликот на Ковачевски

Лошата состојба во која е Македонија е производ кај старата влада, а и оваа старо нова влада која ја промовира мандатарот Димитар Ковачевски нема да направи ништо поинаку. Ковачевки е лик кој нема легитимитет да ја води владата бидејќи не излегол на избори, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на вечерашната дебата на телевизија 24.

„Има продолжување на агонијата која ја започна претходната влада. Во моментов имаме три кризни состојби во енергетика, во здравството поради ковид и онаа поврзана со бегалците. Министерот Оливер Спасовки чие име е поврзано со најмногу скандали останува министер. Тој е повзарн со скандали како Рекет 1 и 2. Станува збор за 215 фалсификувани пасоши кои замиселете не завршија во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, а не знаме и дали истите беа поништени“, рече Лефков.

Според него „новата влада е нова амбалажа на Заев и заевизмот во ликот на Ковачевски“ и како што рече ВМРО-ДПМНЕ не очекува подобрување во ниту една сфера.

„Единствен повик кој сега е од ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да се оди на избори. Само реално нова влада може да ги придвижи работите напред, оваа влада нема кредибилитет“, рече Лефков кој ги повика малите партии да не дадат поддршка на составот на Владата предложен од Ковачевски, за Македонија конечно да тргне напред.

Најнови вести