сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Поради хиперпродукцијата на лиценци кои ги издаде Владата, канабис индустријата од економско прашање се претвори во безбедносно

Лефков: Поради хиперпродукцијата на лиценци кои ги издаде Владата, канабис индустријата од економско прашање се претвори во безбедносно

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување во емисијата „Клан Дебата“ на Клан Македонија зборувајќи за тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ се противи на законските измени во Законот за контрола на опојни дроги истакна дека поради хиперпродукцијата на лиценци за оваа дејност кои ги издаде Владата и поради тоа што министерството нема донесено подзаконски правни акти кои што соодветно ја регулираат областа, наместо прашање од економски аспект се претвори во прашање од безбедносен аспект.

„Треба да се запрашаме што е целта на овој закон. Реков дека целта во согласност со сите пратенички групи е да се унапредува производството за медицински цели. Зошто не успеа министерството соодветно да го регулира и ние ова прашање наместо од економски аспект за неколку години, морете да се сложите со мене, се претвори во прашање од безбедносен аспект. Имавме началници на полициски станици во Македонија, од Прилеп кој што предводеше караван од марухуана кој што требаше да заврши во Грција. Од Валандово од каде што беа пронајдени само стотина или двеста кила во Арачиново, исчезнаа 1,8 тони марихуана“, истакна Лефков.

Тој исто така додаде дека и покрај овие огромни количини на марихуана кои исчезнуваат, Македонија е земја со најмалку запленети вакви супстанци во Западен Балкан.

„Во извештајот Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал и покрај овие огромни количини, Македонија е земја која што има најмалку запленето вакви недозволени срества во земјите од Западен Балкан и помалку од нас има запленето само Косово. Се наоѓаме на врвот на корупцијата, односно од економско прашање, од прашање за економски потенцијал стана за жал безбедносно“, додаде Лефков.

Најнови вести