среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Владата на Ковачевски е со краток рок, во неа се оставени истите луѓе што ја доведоа државата во неколку кризни состојби

Лефков: Владата на Ковачевски е со краток рок, во неа се оставени истите луѓе што ја доведоа државата во неколку кризни состојби

Оваа Влада предводена од Ковачевски е влада со краток рок. Во оваа влада се оставени истите луѓе кои што Македонија ја доведоа во состоја на неколку кризи, како здравствената предизвикана од Ковид пандемијата, економско-финансиската како и последната енергетска криза.

Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат-м, каде што додаде дека граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат и дека иако тие им испратија јасна порака на последните избори, сепак СДСМ не ја прифати затоа што во владиниот кабинет сепак ќе бидат истите луѓе кои што нема да донесат ништо ново ни добро за граѓаните.

„Оваа влада е влада со краток рок. Јас би рекол дека е дури и навредлива за Македонија. Влада која што се врти токму околу пазарење и околу пазари порзани токму со помалите партии, во случајов поврзано со Алтернатива и со отстапување на одредени места. Во владата се оставени истите луѓе кои што ја доведоа Македонија во оваа ситуација да имаме три кризни состојби. Кризна состојба во енергетскиот сектор, ковид криза, кризна состојба поврзана со бегалците и така натаму. Многу пари, многу средства се потрошија, ништо не се презема. Граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и како умеат. Впрочем, ако ги погледнете начинот на формирање на оваа влада, ако СДСМ ја доби пораката која што им беше испратена на локалните избори затоа што направија катастрофален резултат, изгубија скоро секаде и граѓаните им пратија јасна порака дека не се согласуваат со нивниот начин на водење на политика“, истакна Лефков додавајќи дека ако беа искрени со оставките, истите требаше да ги поднесат уште на 31 октомври, веднаш по завршувањето на локалните избори.

Тој појасни дека во македонското Собрание започнаа постапка во која беа собрани 61 потпис на пратеници затоа што државата и беа потребни брзи и решителни чекори и дека оставката, првенствено на Зоран Заев, дојде како последица на ваквата иницијатива.

Тој посочи дека на крајот на мината година за само еден месец, односно од осми октомври до осми декември Влада потроши 30 милиони евра, односно по еден милион дневно за набавка на електрична енергија, а за тоа никој не презема никаква одговорност.

„Ние во собранието започнавме една постапка, иако некој ќе рече избрзана, во која беа собрани 61 потпис и тие потписи беа собрани токму поради тоа што на Македонија и беа потребни брзи и решителни чекори. Ќе ве потсетам дека од тогаш влеговме во овој процес на пазарење, па на осми 11 беше прогласена кризната состојба. За само еден месец, од 08. 11-ти до осми декември беа потрошени над 30 милиони евра. Владата успеа за еден да троши по еден милион евра за набавка на електрична енергија и за плаќање на зкапите пенали заради преземање на електричната енергија. И притоа, политиката во тоа време ја водеа токму истите луѓе“, рече Лефков.

Најнови вести