Јас во насока на она што го кажа Стефан Богоев, приоритети се КОВИД кризата, енергетската криза, тоа го слушав како неколку пати го повтори и инфлацијата. Сметам дека тоа за жал е само така кога излегуваме и кога говориме во емисија, а кога ќе го погледнете Буџетот кој што пристигна во Собранието и кое што го изработуваат министрите ќе видите дека воопшто во Буџетот не е предвидена енергетската криза, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Лефков посочи дека КОВИД криза, енергетска криза и инфлација не се тема на власта. Во самиот Буџет нема воопшто издвоено средства за енергетската криза која се случува сега во Македонија.
-Дополнително кога станува збор за инфлацијата исто така нема антиинфлаторни мерки предвидени во самиот Буџет, и дури ако ги слушнете изјавите на министерот за финансии тој вели дека енергетската криза ќе се следи и ќе се делува. Значи имаме една ситуација која што е акутна, која што е моментална, која што е загрижувачка меѓутоа гледаме дека целата Влада, мнозинството, целиот СДСМ е насочен само на кадровски прашања, нагласи Лефков.
Лефков додаде дека КОВИД, енергетската криза, и инфлацијата остануваат да се зборуваат само на дебатни и контактни емисии, во пракса власта нема никакви решенија. Па поради тоа македонската јавност е сведок како власта троши огромни средства за набавка на струја, а тоа народот скапо го плаќа. Неспособноста на власта скапо го чини народот.
-Со ова темпо до крајот на грејната сезона ќе ни треба четвртина милијарда евра за да можеме да ја надоместиме односно да ја набавиме потребната електрична енергија. Да влегувате во енергетска криза, а притоа да најавувате дека тоа ќе се решава тековно и се повикувате на неискористени пари од КОВИД пакети сметам дека е поразително и укажува на тоа дека целата Влада односно Заев во претходниот период беше концентриран само на локалните избори, појасни Лефков.