Поранешниот амбасадор на Македонија во Европската Унија, Андреј Лепавцов се огласи на социјалните мрежи во врска со францускиот предлог. Вели дека преговарачката рамка и нејзиното одобрување во целост се одговорност на Владата.
-Како поранешен амбасадор на Република Македонија во ЕУ, можам да споделам дека најблиску до вистинско започнување на преговорите со ЕУ бевме во декември 2012 година. За жал, Грција и Бугарија со големи маки тоа го спречија во последен момент. Деновиве сме сведоци на наменско инволвирање на Собранието во дискусија и гласање околу преговарачката рамка.
Преговарачката рамка, преговарањето со ЕУ околу нејзината содржина и нејзино одобрување е во целост одговорност на Владата, пишува Лепавцов на Фејсбук.