Македонија е поинаков случај од Албанија, и мислам дека ќе има некоја фраза од Самитот на европските лидери во Брисел која ќе биде утешителна награда во отсуство на датум за старт на преговори, рече Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ коментирајќи ги актуелните настани и темите на бриселскиот самит.
-Поинакви сме од Албанија и оттука вордингот ќе биде поинаков за нас. Веројатно ќе има фраза која ќе биде утешителна награда. Мислам дека исто така може да се очекува дека ќе има обврска за европските лидери да продолжат со притисокот врз Франција по прашањето за проширување на Европската унија, рече Лепавцов.
Но, според него мора да се има во предвид и внатрешните промени во Унијата.
-Новата Европска комисија ќе треба да се заземе за проширувањето на Унијата, потоа ќе треба да се види однесувањето на новиот комесар за проширување. Многу ќе биде важно како еврокомесарот, со каков жар ќе го турка проширувањето, посочи Лепавцов укажувајќи дека понатаму се ќе зависи и сите овие нешта. -Кај нас поради изостанувањето на датум за преговори со Брисел ќе се зголеми горчината ка граѓаните, рече Лепавцов.