вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Левица доби процес против МВР во Уставниот суд

Левица доби процес против МВР во Уставниот суд

Денеска во Уставниот суд се одржa невообичаена јавна расправа по иницијативата поднесена од политичката партија „Левица“, која се однесува на повреда на слободата на мислата и јавното изразување, како и дискриминација по основ на политичка припадност.

Со образложение дека го попречуваат јавниот ред и мир и дека носат транспарент што повикува на омраза, а на кој пишува „против војната за профити“, членови на „левица“ лани во јули беа спречени во обидот да направат мирен протест на плоштадот во центарот на Скопје, каде се одржуваше презентација на воена опрема од САД.

Одбраната обвини дека станува збор за повреда на слободата и правата за изразување бидејќи лишувањето од слобода од страна на полициските службеници било спротивно на законот и на Уставот.

Претставничката од МВР, Татјана Калајџиска посочи дека против полициските службеници се поднесени дисциплински мерки затоа што е утврдено дека поплаките од граѓаните се основани. Со какви казни се соочиле полицајците за одземање на правото на протест и изразување јавноста досега не е информирана.

Најнови вести