Левица остро ги демантира лажните вести објавени на домашните медиуми на кои им е испратен овој демант, во кои разнолико се изнесени неточни, фабрикувани и лажни информации со цел нарушување на угледот на наш член, дискредитирање на Левица и влијание на јавното мислење.
Во врска со насочениот напад против Левица и околу вчерашниот изрежиран инцидент и обид за заплашување на нашите членови и влијание на јавното мислење се изнесени неточни информации, додека самиот настан го организираат структури на полицијата.
Членот на Левица, против кој се објавени злонамерни текстови и на кого му е нарушена приватноста, не е телохранител на претседателот на Левица, туку член на безбедностниот сектор на партијата. Спротивно на тоа како е наведено во лажните вести, лицето не било во алкохолизирана состојба и со него во автомобилот се наоѓало ШЕСТ ГОДИШО ДЕТЕ, што понатаму ги покажува намерите на целото сценарио, бидејќи спротивно на Деловникот за работа на полицијата автомобилот е претресен без судски налог и полициските службеници постапувале агресивно и со умисла за заплашување и фингирање на инцидент. Поради ова, правниот тим на Левица ќе преземе правни мерки против припадниците на специјалната полиција кои постапиле спротивно на Деловникот.
Државната мафија, сочинета од спрегите помеѓу политичките агенти и безбедностните структури, дел блиски до највисоките ешалони на власта и дел лојални на други политички опции кои биле на власт, се служи со сите расположливи средствата, како злоупотреба на државниот апарат и медиумското влијание, за да ја задуши секој искра на отпор кон авторитарниот режим и канџите на политичкиот систем кој служи на оние кои го изградиле и против слободата и достоинство на обични луѓе.
Оваа оркестрација испрати силен сигнал во јавноста за приликите во кои се наоѓаме, од една страна за безбедноста на оние кои не се блиски до одредени политички опции и од друга за нивниот страв од непосредната народна победа која ќе го сотре нивниот криминал.
Методите со кои се служат не можат да не изненадат, ниту да не заплашат, затоа и се неефективни против Левица и оставаат несериозен впечаток кај народот.
интегрален текст од демантот на Левица