понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лицемерието на Поповски и Бошњаковски не помага: Асани продолжува со навреди кон претседателот на ЗНМ

Претставници на Владата вчера се обидоа да го окупираат протестот на новинарите и да го задушат новинарското незадоволство. Тие лицемерно, јавно ги осудија навредите и заканите кон претседателот на ЗНМ, но тоа воопшто не помогна.
Лицемерието на Поповски и Бошњаковски не помага: Асани продолжува со навреди кон претседателот на ЗНМ

Беќир Асани, „проблематичниот“ член на огранокот на ДУИ од Чаир кој деновиве е особено актуелен во јавноста, негира дека му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, и вели дека само го навредил.

Имено, Беќири неодамна во интервју за „Мактел“ го нарече Селмани „копиле“ и „жена“, по што новинари и граѓани излегоа на протест пред Владата, нарекувајќи се сите „копилиња“ и повикувајќи ја Владата да ги замолчи насилниците.

– Јас му реков дека е копиле и пак повторувам дека е копиле, ништо повеќе. А што се однесува до тоа дали добил некаква закана од мојот брат, јас немам такво сознание. Тука не станува збор за ДУИ, ниту пак за Владата, чиј дел е ДУИ. Јас не можам да говорам во име на овие два органи, но уште еднаш ќе повторам дека јас зборувам исклучиво во мое име, вели Асани во изјава за ТВ 21.

Претставници на Владата вчера се обидоа да го окупираат протестот на новинарите и да го задушат новинарското незадоволство. Тие лицемерно, јавно ги осудија навредите и заканите кон претседателот на ЗНМ, но тоа воопшто не помогна.

Новинарите и натаму се мета на закани и навреди, а никој од Владата не превзема ништо за тоа, грижејќи се само за зачувување на коалицијата СДСМ-ДУИ.

Најнови вести