четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Лицемерието на СДСМ и ДУИ нема крај, ги уништија општините и јавните претпријатија, сега не сакаат да помогнат во време на енергетска криза“

„Лицемерието на СДСМ и ДУИ нема крај, ги уништија општините и јавните претпријатија, сега не сакаат да помогнат во време на енергетска криза“

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваа дека лицемерието на СДСМ и ДУИ нема крај, ги уништија општините и јавните претпријатија, сега не сакаат да помогнат во време на енергетска криза.

„Криминалниот картел составен од СДСМ и ДУИ се најголемото зло за Македонија.

Нивното криминално владеење изминативе 5 години целосно ги уништија сите државни институции, граѓаните изгубија целосна доверба во истите, а секојдневните мега скандали не претворија во тема за мајтап и потсмев во Европа.

Денеска, во очи на една од најголемите енергетски кризи во светот, општините се соочуваат со големи предизвици за нивното нормално функционирање. Од Здружение на даватели на комунални услуги (АДКОМ), уште пред неколку месеци апелираа за драстично зголемените сметки за струја на јавните претпријатија, каде во некои случаи истите беа повисоки и за 500% од претходно.

Тие во континуитет, преку ЗЕЛС, бараа средби со премиерот Ковачевски и министрите од економската сфера, каде би се разговарало за решенија и конкретни чекори за излегување во пресрет на јавните претпријатија и општините, со цел тие да можат нормално да функционираат.

До овој момент, ЗЕЛС, општините и претпријатијата се целосно игнорирани од страна на СДСМ и ДУИ. Наместо стратешки пристап и вистински мерки, Владата излезе со серија на т.н. препораки, кои може да ги оцениме како траги-комични и истите се вистински хит на социјалните мрежи. Во овие препораки, на кои јавноста сеуште не може да им се доизначуди, можевме да прочитаме насоки од Владата како што се греење на домовите на сонце, готвење во помали садови, да одат по скали наместо да користат лифт, поретко да проветруваат и др.

Почитувани,

До пред 1 година, централната власт на СДСМ и ДУИ се расфрлаа со пари за општините (пред одржувањето на локалните избори), им бришеше долгови и камати, и директно ја поддржуваше партизацијата, корупцијата и криминалот во локалната самоуправа, за сега, по локалните избори и поразот во најголемиот број на општини, целосно да ги игнорира и да се оддалечува од било каква одговорност кон граѓаните.

Светската енергетска криза ни најавува навистина тешка зима, со галопирачки постапувања за граѓаните во сите полиња, како што се нафтените деривати, сметките за струја, но и се што истото повлекува, пред се општа инфлација и поскапувања на сите производи. Во ваква состојба, наместо конкретни решенија и стратешки пристап од страна на Владата и министерствата, имаме продолжение на криминал и корупција, зачинет со целосна неспособност.

Во вакви тешки моменти на Македонија и се потребни чесни и способни луѓе кои соодветно ќе раководат со државните институции.

На Македонија и се потребни промени и избори час поскоро.

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во нивниот статус на Фејсбук.

Најнови вести