четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЛИДЕР: Докторка се заканува дека нема да ги лечи бојкотирачите

ЛИДЕР: Докторка се заканува дека нема да ги лечи бојкотирачите

-Од мене ќе следуваат санкции за бојкотирачите кои јадат леб од државни инстиуции – се заканува на Фејсбук докторката Светлана Лазаревска – Гогоска, која работи во поликлиниката Букурешт, пренесува ЛИДЕР.

Гоговска е само лекар кој не е на раководна функција, па од тука следува дека единствена “санкција“ која може да им ја даде на оние кои не излегоа на референдумот е да не ги лечи.

Како што дознава Економски Лидер, Светлана Лазаревска – Гогоска е префрлена во Здравствениот Дом Поликлиника Букурешт од 16.07 годинава а претходно работела во Гостивар.

Во описот на нејзиниот фејсбук профил, таа наведува дека никогаш не им ги заборава имињата на своите непријатели.

Најнови вести