Порталот Лидер објави ексклузивни фотографии од како што велат, изборни нерегуларности за време на гласањето на референдумот во неделата.
Редакцијата на „Економски Лидер“, утринава, пронашле УСБ пред вратата во кое имало фотографии од групно гласање во едно избирачко место, кое очигледно е од албанската етничка средина.
Во описот на фотографиите, свиркачот вели дека кога го напуштале параванот гласачите ставале во кутијата и по 10 ливчиња.
-Ќе излезеа двајца или тројца од параванот и во кутијата ставаа 10 ливчиња. Потоа претседателот на избирачкиот одбор го кинеше истиот број на ливчиња од кочанот и ги даваше на човек кој ги носеше надвор – стои во описот.
ЦЕЛАТА ГАЛЕРИЈА ТУКА