Утринава полицијата упаднала во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, јавува Лидер.
Како што пишува Лидер семејната куќа на Јани Бојаџи утринава била посетена од полициски сили, кои вршат претрес и го бараат него.
Бојаџи живее во Скопје, но откако неговиот татко го известил за упадот, се упатил кон Струмица и во моментов патувал за да види за што се работи.