сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЛИДЕР: Сопругата на Макрадули добила тендери за 90.000 евра

ЛИДЕР: Сопругата на Макрадули добила тендери за 90.000 евра

Компанијата „ОПЕН МАЈНД СОЛУШНС ДООЕЛ – СКОПЈЕ“ во која еден од сопствениците е Маја Макрадули, сопруга на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули по доаѓањето на СДСМ на власт, добила тендери со вредност од 5.417.808 денари (88.094 евра), пишува Лидер.

„ОПЕН МАЈНД СОЛУШНС ДООЕЛ – СКОПЈЕ“ според проверката во Централниот регистар е компанија која се занимава со изработка и одржување на софтвер. Формирана е во 2010 година и има четири сопственици. Како сопственици се јавуваат 46-годишниот Дарко Мадевски, 42-годишниот Ласко Касапинов, 70-годишниот Аксенти Грнаров и 43-годишната Маја Трендафилоа – Макрадули.

Генералната слика, според анализата на „Економски Лидер“ на завршните сметки на компанијата е дека во просек компанијата годишно има прилив од околу 10 милиони денари, но, за „ОПЕН МАЈНД“ работите рапидно се менуваат по доаѓањето на СДСМ на власт. Само за година ипол, надвор од стандардните припања – компанијата добила тендери во вредност од 5.417.808 денари, односно сума која дава зголемување за повеќе од 50 отсто на просечните примања на компанијата.

По доаѓањето на СДСМ на власт, оваа компанија има добиено вкупно девет јавни набавки од кои три се добиени без тендер или електронско надавање, во четири очи.

Извор: Лидер

Најнови вести