сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидерот на CDU во ИНТЕРВЈУ за КУРИР: Во Македонија се живее во супстандардни услови, деградирано и понижено

Македонското политичко поднебје доби нова политичка партија.
Лидерот на CDU во ИНТЕРВЈУ за КУРИР: Во Македонија се живее во супстандардни услови, деградирано и понижено

ЦДУ или Централна демократска унија која како политички субјект е веќе присутна на македонското тло каде ќе делува со своите ограноци. Велат дека нивна целта е да го реорганизираат ромскиот народ и да го постават новиот начин на делување и стремење кон решавање на проблемите на граѓаните.

Лидерот на ЦДУ, Рикардо Сали во интервју за КУРИР вели дека ромската заедница во Македонија живее во супстандардни услови, без водовод и канализација, а досегашните лидери тој ги нарекува таканаречени… Сали откри како ЦДУ ќе настапи на следните парламентарни избори, но и дали е можно коалицирање со некоја од големите политички партии.

Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со Рикардо Сали лидер на ЦДУ во Македонија.

КУРИР: Од каде дојде идејата за името на партијата ЦДУ?

-Ние во политиката сме подолго време. Во досегашните политички партии она што недостасуваше е демократијата во поглед на управувањето, власта до сега беше во рацете на еден човек кој одлучуваше за се. Со цел да ги исполиниме нашите централистички идеи на делување произлезе идејата за ЦЕНТАРОТ (централистички правец на делување) нема лево ни десно, но тоа не значи дека нема да коалицираме со лево или десно ориентираните партии. Од таму произлезе и името ЦДУ-Централна Демократска Унија.

КУРИР: На политичката сцена има неколку партии кои ги застапуваат Ромите во Македонија, што е тоа што вас како партија треба да ве одвои од останатите?

-Главната разлика се состои во тоа што сите работи и проблеми на Ромите во Македонија ќе се решаваат на демократски начин во самата партија. Сите ќе имаат право и можност да допринесат во решавањето на проблемите и креирањето на посветла иднина. Затоа оваа партија ќе биде местото каде сите Роми ќе бидат сплотени на едно место. Народски кажано се ќе се решава на маса, а не под неа.

КУРИР: На промоцијата на вашата партија рековте дека со партиите кои досега ги застапувале Ромите во Македонија владеат така-наречени лидери, на што точно мислевте?

-Досегашните политички субјекти, кои се сведуваа на човек партија таканаречени лидери, кои го турнаа ромскиот народ во длабок сон, поради прикривање на своите претходни криминални дејствувања и за остварување на свои лични цели, кои го донесоа ромскиот народ во уште потешка ситуација од претходната, без иднина и можност за просперитет односно до амбис. За таквите таканаречени лидери нема место на политичката сцена и треба да бидат санкционирани за стореното. Да се провери потеклото на нивниот имот и да сносат одговорност за се што сториле.

КУРИР: Дали вие како лидер на партија која ги застапува правата на Ромите сте задоволен од досегашната ангажираност на оваа влада за Ромите?

-Самата ситуација во која се наоѓаат Ромите во државата, го појаснува ангажирањето околу заедницата, која е во исклучително тешка ситуација, каде поголем дел од населенито во 21-от век живее во супстандардни услoви, немаат водовод, канализација а да не зборуваме за интернет без кој денес не може да се фунционира (on-line училиште, користење на неопхони апликации за секојдневно функционирање и информирање), а не пак да размислуваат за некоја посветла иднина за нив и нивните поколенија. Сето ова е поради погрешното водење политика и лошиот третман на ромите во изминатите 20 години во Македонија. Факти поради кои никој не би бил задоволен од ваквото делување на оваа како и на претходните влади.

КУРИР: Дали сметате дека оваа влада доволно прави за ромската заедница во нашата држава?

-Поради ваквите таканаречени лидери, ромскиот народ е деградиран во секој поглед, маргинализиран и понижен поради што ромите спасот од оваа исклучително лоша ситуација го гледаат во заминување надвор од земјата и барање подобри услови за живот. Сигурни сме дека владата би направила повеќе за народот, ако таканаречените лидери бараат од владата правилни решенија за ромската заедница а не само она што е за нивен личен интерест. Од формирањето на македонската држава до денес ромите ниту еднаш не излегле на голем протест за да го искажат своите проблеми и незадоволства како што велат ромите АКО ДЕТЕТО НЕ ПЛАЧЕ МАЈКАТА НЕ МУ ДАВА МЛЕКО, можеби е крајно време тоа и да се случи за да биде слушнат ромскиот глас.

КУРИР: На прес-конференција на промоцијата на вашата партија велите дека ЦДУ ќе има за цел да ги обедини сите Роми на едно место. Зошто сметате дека до сега тоа не го направила некоја друга партија во минатото, што според вас работели другите политички партии?

-Имаше обид од г-динот Амди Бајрам еден период да се обединат ромските партии, но суетите на таканаречените лидери несакајќи да ја прифатат идејата за обединување ја отфрлија. Некои од тие лидери се на залезот на нивната политичка кариера така да оваа идеја има реална можност во наредниот период да се реализира. Имаме соработка со дел од ромските политички партии и договараме “сите роми на едно место”. Мислам дека оваа идеја наредната година или на следните парламентарни избори ќе се реализира. Една цел имаме подобра застапеност на ромите и подобрување на положбата на ромската заедница: вработување, здравство, домување, образование и многу други полиња на кои ќе треба да работиме заеднички. Ние можеме и ќе успееме.

КУРИР: Во Република Македонија се поизвесно е дека се можни предвремени парламентарни избори, но без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни, дали може да ни откриете како ќе настапи вашата партија? Дали тоа ќе биде самостојно или ќе коалицирате со некоја друга партија и доколку коалицирате со друга партија која би била таа?

-ЦДУ ќе биде јадрото на ромскиот народ, сите Роми на едно место. Со ваквото наше делување и силата што ќе ни ја даде ромскиот народ со неговото обединување, размислуваме и цврсто сме убедени да настапиме самостојно на следните избори. Силата е во народот каде ќе можеме доследно и праведно да ги браниме интересите на Ромите. Меѓутоа не ја исклучуваме можноста да коалицираме со било која од партиите ако добиеме подршка за спроведување на нашите цели и идеали.

КУРИР: Дали ЦДУ до сега преговарала со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за идно коалицирање, доколку сте разговарале дали може да ни откриете што е договорено и какви се идните планови?

-До сега до овој момент не сме преговарале со ВМРО-ДПМНЕ за можно коалицирање. Секогаш отворени за соработка со оние кои ги почитуваат Ромите и нивните права.

КУРИР: На крајот од ова интервју не можам да не ве прашам за една случка од минатото. Имено пред само неколку месеци на социјалните мрежи се појави видео во кое Елвис и Габриел Бајрам слават роденден на својот син/внук, а подарокот кој го добива е нов џип марка Мерцедес, понатака во истото видео се гледаат уште неколку луксузни возила, како ЦДУ го коментира ова?

-Сепак тоа се приватни и лични работи и неумесно е ние како сериозна политичка партија да ги коментираме. Би коментирале за сите политички дејствија и одлуки на другите ромски и останати политички партии во Македонија.

Најнови вести