„Штекли и Колумбо се спасија во Ист Гејт од пукачот, но се уште е неизвесно дали ќе преживеат во хирушката болница и клиничкиот центар. Повозрасниот Раде Трајковски Штекли е опериран, дише самостојно и се опоравува. 23 – годишниот придружник утре го чекаат нови операции на градниот кош и стомакот. Ставот на лекарите е дека и двајцата се во животна опасност откако во едниот звршија најмалку 5 зрна, и уште неколку во телото на Трајковски, објавува телевизија Телма.
Но, додека здравствената состојба е позната и потврдена за настраданите, пиштолџијата се уште е мистерија за истражителите. Чинот како испразнува шаржер во двете лица во среде бел ден во трговски центар циркулира меѓу медиумите и на социјалните мрежи, но и шпекулациите кои се појавија дека сепак човекот кој пука освен што носи капа и слушалки, неговото лице е покриено со маска на човечко лице.
Телма се обиде да ги провери наводите, но засега нема потврда, ниту е отфрлена можноста зад таква маска да се крие вистинскиот идентитет на пукачот. Обвинителството разврската за нападот ја бара преку прегледување на снимките, земање на отисоци од напаѓачот и разговори кои се водат со сите очевидци. Мотивот е непознат, а според првиот човек на полициијата нападот е мафијашка пресметка.
Но, додека криминалците истеруваат правда со пиштоли во трговски центри, прашњето за безбднсота на граѓаните одново е на тест за полицијата. Спасовски, вели дека Скопеј е голем град, во кој не е невообичаено да се случи инцидент.
Телма објавува и дека напаѓачот со бел блузон не се криеше од камерите во трговскиот центар и неговото движење како велгува во трговскито центар е забележно на повеќе места. Но, каде иссчезна и каде се наоѓа човекот кој стрелаше во Трајковски и неговиот придружник полцијата засега не отркива. Додека тој се уште е непознат за стражните органи, неговата мета Раде Трајквоски Штекли добра позната фигура од криминалното милје. Штекли за два месеци е втор пат мета, но кон крајто на август го спаси неговто блиндирано возило. Според информации на „Телма“ двата обиди за ликвидација на Трајковски се продолжение на кравиот судир меѓу двете најмоќни криминални групи во Скопје. Пресметката почна во март годинава со двојното убиство во „Шиша бар“ каде беше ликвидиран Јетон Кривањева познат под прекарот Жила и негов близок соработник. Следуваше одмазда во Приштина каде животот го загуби припадник на криминалната група кон која е приклонет и Трајковски а потоа во јули годинава во Грција во Ханиот беше ликвидиран Орхан Бајрами со прекар Оки водач на соперничката криминалната група од скопчската населба Дуќанџик.
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) pic.twitter.com/3DosqGp7OR
— Курир (@KurirMK) October 24, 2023