вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Љубомир Михајловски- Џанго нов претседател на Адвокатската комора на Македонија

Љубомир Михајловски- Џанго нов претседател на Адвокатската комора на Македонија

Адвокатската комора на Македонија доби нов претседател, на местото на досегашниот Никола Додевски, функцијата ја презема Љубомир Михајловски- Џанго. Управниот одбор кој се избра вечерва на конститутивна седница акламативно го избра Џанго.

За него се одлучи и мнозинството делегати на 63тото годишно собрание. За негови заменици се изгласани  Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.Изборот на новиот одбор заедно со новиот претседател траеше цели 10 часа а присуствуваат 250 делегати.

Освен изборот на нов претседател комората прославува 73години постоење како носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.

 

Најнови вести