Културата е столбот на државата и на идентитетот, а вработените во културата не смеат да трпат заради неспособноста на власта којашто не размислува за последиците од своите популистички мерки, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата призна дека е несериозна и дека ниту ја почитува културата ниту ги почитува културните работници. Дописот од Министерството за култура е јавно признание дека владата нема пари, дека не води грижа и дека не испланирала во буџетот исполнување на законската обврската за зголемување на платите согласно Колективниот договор.
Ќе нагласам – владата во допис до синдикатот признава дека нема пари во буџетот за плати во културата според Колективен договор.
Уште повеќе, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, признава дека доколку ја исполни обврската од Колективниот договор, тоа ќе биде на штета на проектите и ја префрла вината врз вработените.
Ова е срамен допис, срамно признание. Без никаква почит кон вработените во културата, Министерката бара измени во Колективниот договор за културата на штета на вработените и фактички откажување од законскиот раст на плата во услови на енормно поскапување на трошоците за живот.
Притоа, дописот содржи скриена закана дека доколку вработените и синдикатите не го прифатат овој предлог, владата ќе ги скрати, укине парите за програмските активности и капиталните инвестиции во културата.
Повикуваме на разум и повлекување на ваквиот срамен предлог. Дописот со ваква содржина создава атмосфера на притисок и нездрави односи меѓу раководствата и вработените во институциите, односно се создава атмосфера на притисок од страна на директорите врз дел од вработените да бидат прифатени неприфатливи решенија на своја штета.
Наместо притисок и закани кон вработените и синдикатите во културата министерката, доколку навистина себе се гледа како министер за култура, да насочи притисок кон министерството за финансии и да обезбеди финансии за исплата на платите согласно Колективниот договор и Членот 65, без притоа да биде прекинат ниеден проект или капитална инвестиција во културата. (се разбира доколку имале намера да ги реализираат веќе 5 години по ред најавуваните инвестиции).
Доколку министерката не успева да ги заштити интересите на вработените во културата и културата воопшто, нека си поднесе оставка. И онака власта во последните 5 години смени 5 министри за култура, со што се покажува целосна негрижа, безидејност и немање национална стратегија за културата.
Министерството за култура и министерката имаат должност и законска обврска да го почитуваат Колективниот договор, се останато не неприфатливо.
Вработените во културата, културните институции, столбот на државата повеќе не смее да ги трпи ваквите самоволијата на политичките епизодисти од СДСМ и ДУИ, подвлекува Љутков.