недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Љутков: Оваа власт 3 години по ред објавуваше скандалозни резултати од годишниот конкурс

Љутков: Оваа власт 3 години по ред објавуваше скандалозни резултати од годишниот конкурс

Четврта година културата во Македонија во континуитет тоне. Оваа власт 3 години по ред објавуваше скандалозни резултати од годишниот конкурс, реагира Зоран Љутков.

Во продолжение следува неговото обраќање:

Традиционално, веќе четврта година по ред, резултатите од конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес за културата доцнат, а оваа цели 22 дена од максимално дозволениот рок за објавување. Ако се земе во предвид дека по објавувањето на годишната програма следува и рокот за жалби,изготвување на соодветна документација и потпишување на договори со корисниците, извесно е дека реализацијата на проектите ќе отпочне кон крајот на април или еден месец пред отпочнување на новиот циклус за доставување на предлог проекти за 2022 година.

Уште една изгубена година.

Генералната слика на донесената програма е дека наместо унапредување на културата и јакнење на институциите,гледаме неинвентивност ,изгубен концепт со слаб квалитет.

Програмата не кореспондира ниту со националната стратегија за развој на културата 2018-2022,ниту пак со партиската програма за култура на СДСМ. Програмата беше осудена на неуспех уште со објавувањето на конкурсот,односно со хаотичните и нејасни приоритети и мерила за евалуација. Станува збор за програма која наместо квалитет нуди квантитет и која нема да направи никакво влијание во развојот и унапредувањето на културата.

Министерката за култура Ирена Стефоска најавуваше и револуционерен пресврт во заштитата на културното наследство како сегмент од културата кој е ислучително значаен за трајните културолошки вредности на Македонија, но најавеените „големи“ средства, со ветени над 100.000.000 ден,не се остварија.

 

 

Дополнително ќе биде запаметена како програма со:

Капитални инвестиции = 0

Креативни индустрии = 0

Аудиовизуелни добра = 0

Стимулација на домашно творештво = 0

мерка,која е многу значајна во ковид ситуација,  наспроти, купони од 6.000 ден  за уметницте.

Како комисија за култура очекувавме ваква неивентивна и слаба програмска понуда. Ја повикуваме партијата СДСМ да им објасни на своите гласачи зошто 4 години по ред културата е безидејна во слободен пад.

Министерке, во однос на вашето тврдење дека 3.700 културни работници со нетрпение го очекуваат изгласувањето на предлог законот за остварување на јавниот интерес во културата, Ве повикуваме вас како министер и јавниот координатор за култура Алаѓозовски,да организирате јавна расправа за законот за да ви го докажеме токму спротивното.

Најнови вести