Новиот Факт е дека кога секогаш СДСМ на власт таа става тешка рака врз културата и се труди да ја уништи. Затоа што во културата е гласот и ако видите низ историјата револуциите почнуваат од културата, изјави Зоран Љутков, актер и претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, за Радио Лидер.
Тој посочи да не се прави тука забуна со ш т.н. шарена револуција, бидејќи тоа било платеничка револуција.
– Оваа политичка опција која е на власт денес не можеше да успее сам, мораше да ја обезбеди таа платеничка шарена револуција со многу пари, рече Љутков.
Тој посочи дека СДСМ уништувањето на културата го прави со понижување на институциите и носење на нов криминален закон кој треба да ја направи нефункционална националната култура.
– СДСМ ги понижува институциите со тоа што им вели дека ништо не знаат и им носи луѓе од невладиниот сектор, и затоа ни се случува пропаст во културата и образованието. СДСМ сега носи закон за остварување на јавен интерес во културата, кој е со намера да се уништи се што е во културата. Можат да постават со тој закон каратист за директор или фискултурци, за да направат националната култура да не може веќе да функционира и да направат јавна култура. Законот кој се нуди сега е криминален и ќе ја потоне културата, потенцираше Љутков.
Додаде дека проблемот не е само во културата, туку дека најголемиот проблем е во образованието, затоа што се потекнува од него.
– Видете што се случи на јавната дебата за новата реформа во образованието. На една страна имате луѓе кои го бранат тој концепт 3, 4 или 5 кои не можат да се снајдат во одбраната, а од друга страна имате луѓе кои ви укажуваат дека тоа ќе биде катастрофа, дециден е Љутков.