вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени.

-Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата, изјави Лога.

Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до секретаријатот за законодавство за објавувување во Службен весник.

Најнови вести