Пратеникот Хари Локвенец се споменува како еден од можните нови потпретседатели на СДСМ, објави весникот „Независен“, повикувајќи се на високи партиски извори.
Според „Независен“, се очекува старо-нови потпретседатели на партијата да бидат Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, кои не беа избрани во новиот Извршен одбор, но по автоматизам ќе станат дел од ова тело како потпретседатели.
Петтото потпретседателско место, пак, е резервирано за жена, за што, објави весникот, веќе било разговарано со личности од бизнис-секторот.