недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лозановска до Филипче: Каде е заштитната опрема на здравствените работници, приморани се сами да си купуваат за да се заштитат

Лозановска до Филипче: Каде е заштитната опрема на здравствените работници, приморани се сами да си купуваат за да се заштитат

Пратеничката Олга Лозановска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес на комисиската седница за здравство посочи дека здравствените работници се оставени сами на себе, тие се приморани да си купуваат заштитна опрема ако сакаат да се заштитат и да не се заразат од КОВИД-19. Очигледно е дека министерството за здравство не им обезбедува доволно опрема на здравствените работници, па затоа тие луѓе и заболуваат од вирусот. Наместо здравствените работници да ги лекуваат граѓаните, тие се заразуваат од корона вирусот и тоа поради неспособноста на оваа власт.

„Се поголем број има на заразени здравствени работници и тоа имам информација од Клиничка болница Битола. Па затоа ќе ве прашам каде е заштитата на здравствените работници вметната во овој Закон? Каде е скрининг тестирањето на здравствените работници, кои што биле во контакт со инфицирани пациенти со КОВИД-19? Затоа, што инфектолозите се комплетно заштитени, меѓутоа останатите здравствени работници од една страна треба да се однесуваат со пациентите како да се КОВИД позитивни, а од друга страна немаат комплетна здравствена заштита“, нагласи Лозановска.

Лозановска додаде дека на здравствените работници им се дава една маска за дежурство од 24 часа. Срамота е здравствени работници сами да си купуваат заштитна опрема за да не се заразат со КОВИД-19.

„Конкретен пример, имаме пациент на Интерно кој што е хоспитализиран со направен тест КОВИД и е позитивен, и префрлен на Инфективно одделение. А, персоналот кој што го третирал тој пациент, ниту е тестиран, ниту е изолиран“, појасни Лозановска.

Лозановска потсети дека во Македонија има доста голем број и на асинтоматски пациенти.

„Ќе ве молам, треба да ги заштитиме здравствените работници затоа што ќе нема кој да ги лекува граѓаните“, замоли Лозановска.

Најнови вести