Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска на денешната собраниска седница истакна дека за разлика од претходно кога ЕЛЕМ била гигант, сега со владата на СДСМ истата компанија е загубар, укажувајќи дека се бара заем од 25 милиони евра за задолжување за фотоволтаици.
Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по договор за заем за финансирање на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтации кои ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија во државна сопственост, значи АД ЕСМ ќе се задолжи со заем во износ до 25 милиони евра за финансирање на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтации. Шампионите во енергетиката кои го урнисаа енергетскиот систем и борците за чист воздух се сетија дека ветуваа живот за сите и чист воздух. Она кое што е многу интересно е што износот на вкупната инвестиција за фотонапонските електроцентрали во Осломеј и Битола со инсталиран капацитет од 30 мегавати од 25 милиони евра, изградбата на еден мегават се потребни 833 илјади евра, а во суштина изнесува со се приклучок 600 до 650 илјади евра. Имаме разлика 5 и пол милиони евра, тоа е профит кој што ќе оди во џебовите на некого, меѓутоа и кредитот и овој профит кој што ќе оди во џебовите на некого ќе го плаќаат граѓаните, рече Лозановска.
Лозановска во текот на своето обраќање потсети дека пред СДСМ да дојде на власт ветуваше електростатски филтри, ветуваа десулфуризација на РЕК Битола, а во 2018 и 2019 година нивото на загадување на животна средина со сулфур диоксид и прашина било од 3 до 6 пати.
-Ветувавте електростатски филтри, ветувавте десулфуризација на РЕК Битола, а кога дојдовте на власт, а во 2018 и 2019 пишува посебно загрижувачки е податокот што го двете години нивото на загадување на животната средина со сулфур диоксид и прашина е 3 до 6 пати над дозволените вредности, додаде таа.