Еден од факторите кои го потикнува иселувањето на младите е корупцијата, ова е кажано според институтот за добро управување и евроатлански перспективи на Република Македонија. Ако продолжи власта да владеее во државата тогаш бројот на граѓани во дијаспората ќе биде многу поголем од бројот на резидентно население кое ќе живее тука во Република Македонија, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска на денешната собраниска седница.
Таа посочи дека власта дошла со „Шарената Револуција“ на власт но таа ги изневери граѓаните.
„Власта дојде на власт со „Шарената Револуција“ меѓутоа мора искрено да се каже дека граѓаните бескрајно ги изневеривте и покрај тоа што им ветувавте живот и правда за секого. Катастрофата до која ја доведовте државата ве повикува на одговорност меѓутоа вие од Владата одчигледно таа одговорност ја немате“, вели Лозановска.
Лозановска е децидна дека милиони пари годишно се излеваат низ коруптивните канали.
„Милиони евра годишно се излеваат од земјата низ коруптивните канали ако државата ревносно го стопираше тоа ќе останеа доволно пари за изграба на нов клинички центар и за пругата до Бугарија или други проекти кои се ветувани од власта. Доктори нема, ама во администрација нововработени колку да сакаш. Плата нема заради хакерскиот напад на ФЗО“, рече Лозановска.
Таа додаде дека осен заклучоци и препораки власта нема ништо направено а седма година е на власт
„Седум години СДСМ и ДУИ се власт во државата и освен заклучоци и препораки на комисии ништо немаат превземено без ниту еден капитален проект, без денар вложен за животната средина и справување со загадувањето во Македонија, само 0,7% од буџетските расходи во 2023-та година се планирани за заштита на природата“, ијави Лозановска