четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лозановска: Обвинувањата дека некого сум споредила со фашист ги толкувам единствено како обид за дефокусирање на темата со бугаризација и асимилација на Македонија

Лозановска: Обвинувањата дека некого сум споредила со фашист ги толкувам единствено како обид за дефокусирање на темата со бугаризација и асимилација на Македонија

Обвинувањата дека некого сум споредила со фашист ги толкувам единствено како обид за дефокусирање на темата со бугаризација и асимилација на Македонија која ја прави предавничката влада на Ковачевски, реагира Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено што направив, е што прочитав актуелен текст од социјалната мрежа твитер, и мојата намера како човек кој пред се верува во европската иднина на Македонија која нема да биде понижена и асимилирана, беше само да покажам кои се актуелните размисли за ова прашање. Доколку со таа моја изјава навредив некого, иако тоа не беше целта, јас се извинувам, но секако најголемата навреда која го боли народот останува, а тоа е предавството на Македонија од Ковачевски и оваа антимакедонска влада.

И ако некој ги доведува во прашање моите стратешки определби, одговорот е да за ЕУ, не за бугаризација и асимилација“ – истакнува таа.

Најнови вести