петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лозановска: Во законот за земјоделство и рурален развој се случува 26-та измена, бидејќи од страна на владејачкото мнозинство се носат закони без суштинска анализа

Лозановска: Во законот за земјоделство и рурален развој се случува 26-та измена, бидејќи од страна на владејачкото мнозинство се носат закони без суштинска анализа

Овој закон за земјоделие и рурален развој ние како коалиција „Обнова на Македонија“ го поддржуваме. Но, почитувани земјоделци овој закон требаше да биде ставен на Дневен ред вчера, но меѓутоа беше важно да се зборува за фотоволтаици и за перење на 5 ипол милиони евра кои што ќе одат во нечии џебови, и може да се погоди од првпат на чија сметка на фирма ќе завршат овие пари. Сите знаеме каде тие 5 ипол милиони евра каде ќе завршат, исто како оние 1.4 милиони евра кои што ги доби фамилијата како грант на неповратни средства. Исто како што од Буџетот на Република Македонија се одделија 270 милиони евра за ЕЛЕМ за да ги покрие криминалите на СДСМ кои што се направени во изминативе години, истакна Олга Лозановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Лозановска додаде дека во законот за земјоделство и рурален развој се случува 26-та измена, бидејќи се носат закони без суштинска анализа исто како што владејачкото мнозинство го донесе законот за недела неработен ден, па потоа излегоа многу проблеми во врска со тоа.

– Измената на законот се однесува во неколку членови, ќе прочитам два, со членот 1 се предлага доколку земјоделското стопанство било корисник на финансиска поддршка непрекинато претходните три години да се врши исплата на субвенции пред да се утврди дека корисникот ги исполнува условите за доделување субвенции. Со членот 3 се предвидува можноста авансна исплата на финансиската поддршка за мерките од рурален развој да се врши и за мерките од член 67. И со член 4 се зголемува процентот за поддршка за набавка на зелена нафта од 5 на 100%. Но, она што мене ме интересира е одредбите од овој закон ќе се применуваат од 01.01.2023 година, јас се прашувам што ќе прават оваа година земјоделците затоа што земјоделците ја почнаа годината со многу поскапа нафта, со многу поскапи и зголемени цени на репро материјали. Што ќе прават се прашувам земјоделците оваа година ако сега владата не им помогне, запраша Лозановска.

Лозановска посочи дека има неисплатени штети од елементарна непогода уште од 2016-тата година од мраз. И 2018-та година има неисплатени штети во Ресенско од град. Необезбеден пласман на конзумното јаболко, нови пазари нема, а постоечките се изгубени. Превисоки цени на репро материјали за производите на јаболка, препарати за заштита, ѓубриво, превисоки цени на нафта. Тоа се дел од проблемите со кои што се соочуваат земјоделците, но власта не нуди никаква помош на граѓаните.

Најнови вести