вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лозарите излегуваат на протести: Навечер ќе дежураме, а преку дента ќе има блокади на повеќе места

Лозарите излегуваат на протести: Навечер ќе дежураме, а преку дента ќе има блокади на повеќе места

Загарантиран откуп, реални цени на грозјето и навремено плаќање се само дел од проблемите со кои земјоделците се соочуваат веќе четврта година откако СДСМ е на власт. И покрај многубројните ветувањата дека нивниот проблем ќе се реши, власта и премиерот Зоран Заев продолжуваат да ги игнорираат лозарите од Тиквешијта.

Имено, откако Винарската визба Тиквеш од Кавадарци го објави ценовникот, земјоделците се револтирани посочувајќи дека такви цени ќе значат смрт за македонското земјоделство. Новите откупни цени кои ги објави винарската визба значат смрт за македонскоо земјоделства, вели еден револтиран земјоделец кој деновиве се соочува повторно со истиот проблем.

Но, дополнително револтира и изјавата на премиерот Заев кој пред само два дена кажа дека газдата на Тиквеш, Свето Јаневски му бил советник во кабинетот на техничкиот премиер Оливер Спасовски, па оттука логично е да се постави прашањето зошто токму советникот на премиерот ги менува цените на грозјето и да го потценува трудот на лозарите.

-Ќе разговарам со господинот Свето Јаневски. Тој беше советник во кабинетот на премиерот Спасовски, еден од значајните стопанственици во државата и верувам дека ќе изнајдеме решение, затоа што среќни производители на винско грозје се добри и за државата и за винариите и компаниите, изјави Заев.

Лозарите се едногласни дека ваквата одлука на винарската визба Тиквеш и советникот на премиерпт Свето Јаневски е потценувачка и срамна, додавајќи дека нема да можат да опстанат финансиски, како и дека доколку власта нема слух на нов ќе излезат на улиците и ќе блокираат повеќе патишта и улици.

Со овие цени кои што ги истакнаа винариите, ние не можиме да опстаниме апсолутно никако. Значи нашите барања се доколку не се постигнаат овие цени од 13 и 15 денари, испод тие цени не можеме да одиме надолу бидејќи одиме во загуба. Секоја година работиме за винариите и не смееме да дозволиме винариите да ја намалат цената, вели Трајче Кулев, претседател на здружението Напредни лозари.

-Ние ќе покажеме непослушност, излегуваме на улиците. Сега за сега ќе бидат радикални, навечер ќе дежураме, а преку дента ќе има блокади на повеќе места, вели Златко Стојчев, претседател на здружението Тиквешки лозаро овоштари.

Најнови вести