понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лозарите од Неготино излегоа на протест: Да се прогласи елементарна непогода, суша и да се добие отштета од државата

Лозарите од Неготино излегоа на протест: Да се прогласи елементарна непогода, суша и да се добие отштета од државата

Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата, побараа производители на грозје на мирен протест во Неготино.

Протестот беше организиран на градскиот плоштад од новоформираното регионално Здружение на лозароовоштари.

Во името на лозарите, претседателот Златко Стојчев побара исплата на старите долгови кои некои визби им ги должат на лозаропроизводителите од пред неколку години.

-Бараме поголема едукација, одредување загарантирана цена за килограм грозје и стручни служби да одредуваат технолошка зрелост на родот и неопходна шеќерност при откуп, како и полесен пристап до европските фондови. Наместо најавените два денара по килограм продадено грозје во винарија, бараме субвенција од по три денари, изјави Стојчев, кој е регистриран лозар и стопанисува со триесет хектари земјоделска површина, а живее во кавадаречко Сопот.

Неколкумина производители на грозје на протест дојдоа со своите трактори.

Најнови вести