сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЉУПЧЕ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ НА ОПЕРАЦИЈА ВО ТУРЦИЈА: Потребна му е наша помош за „да има нормално детство“

ЉУПЧЕ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ НА ОПЕРАЦИЈА ВО ТУРЦИЈА: Потребна му е наша помош за „да има нормално детство“

На малиот Љупче му е потребна помошта од македонскиот народ.

На Фејсбук се споделува апел за помош на четиригодишното момченце кое е родено со искривување на рбетот, пропратено со други деформации.

Љупче не може да ја добие потребната помош во Македонија, и треба да замине на оперција во Турција, но за истото да се случи на неговото семејство им се потребни многу пари, кои за жал ги немаат.

– Ова е Љупче, има 4 години и е роден со кифосколиоза ( искривување на ‘рбетот за околу 45°) пропратено со други коскени малформации. За жал искривувањето се влошува секојдневно,и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции. Истите не можат да се изведат во Македонија,па затоа мора да се оперира во Турција. Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума, и како што е вообичаено и пракса во Македонија, за жал, истите сме приморани да ги собираме на овој начин т.е. преку донации – стои во објавата на „Фејсбук, која веќе голем број граѓани ја пренесуваат, а воедно и ја поддржаа со донација.

Понатаму во објавата пишуа „Ве замолувам, кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе да може Љупче да расте и да има детство како и сите други дечиња.

Број на трансакциска сметка

240137118551584 Љупче Горгиев Уни Банка

IBAN : MK07240137118551584
SWIFT/BIC : UIBMMK22XXX

Броеви за донација

Телеком 143141
А1 143 482

Наскоро ќе има и линк од GoFundMe

Објавата може да ја видите и самите:

Најнови вести