„Имате една политичка опција која што постојано во медиумите зборува дека не треба да се враќаме назад, дека треба да гледаме во иднината и дека Европа е нашата тенденција. Се ова што се работи со новиот предлог закон е антиевропско. И тука е завршена приказната. Значи нема понатаму што да разговараме. Во 2017-та и 2018-та година донесоа еден предлог закон за остварување на јавниот интерес во културата кој што во Собранието беше блокиран со над 1000 амандмани. Значи за тој исто имаше јавна расправа која што наиде на огромни критики и потоа беше закачен на интернет и пак имаше огормни критики, ништо од тоа не се прифати и пробаа преку комисиска расправа. Таму наиде на 1000 амандмани и беше блокиран“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Љутков додаде дека и сега наместо од власта да се вратат назад и да речат добро, ајде ќе се тргне со некој поинаков дијалог каде што ќе се вклучат и националните институции и експертите во култура, и ќе се вклучат двата синдикати, па дури и ќе се вклучи граѓанскиот сектор, тие сепак одат пак по старо. Потребно е да се тргне политиката од културата.
„И сега министерката во едно интервју вели ние тргнавме прво со националните, па после решивме и вас да ве вклучиме. Факт е дека тие не можат да се снајдат со синдикатите. Потпишан е со СКРМ, со синдикатот за култура на Република Македонија, потпишан е тој колективен договор каде што по член 65 вели дека со секое покачување на минималната плата автоматски се покачуваат и платите на работниците. Верувајте од тој момент до сега Владата нема обезбедено ниеден денар во однос на плати“, рече тој.
Тој посочи дека министерството ги качува платите, но крати од програмските активности. И затоа се нема пари за програми.
„Не обезбедила Владата досега ниту еден денар за културните работници. Ниеден денар! Самата министерка на национална телевизија си призна дека претходните години не биле испланирани средства за плати, па затоа се правело ребаланс. Но, со правење на ребаланс не се обезбедиле средства од финансии, туку се обезбедиле средства министерството за култура со пренамена од прграмските активности. Од производството ни кратат“, нагласи Љутков.