Таман ќе помислиш дека ќе одмориш од реакции, СДСМ на секои пет минути, просто ти ги влече зборовите.
Не можеш веќе да пратиш какви небулози се пласираат во медиумскиот простор. Завчера промовираат проекти од 2009та како “новитети” во културата, вчера “за прв пат” светска верска конференција, а денес Лукаровска држи трибина и зборува за достигнувањата во културата!!!!!, пишува актерот Зоран Љутков.
Вели, се прашуваш, до кој степен ќе ја манипулираат јавноста, кој е лимитот, до толку ли немааат срам?!
-Или пак, гледаат дека на Бисера тешко и оди, па СДСМ ја вклучува целата пролупана машинерија во погон за да ја одбрани! Господа од СДСМ – квази европски елитисти, културата во Македонија е се’ освен европска (безброј пати ви го имам јавно кажано и сеуште ме немате демантирано) Шајка немате заковано, културните установи ни се распаѓаат, програмските содржини ни се сведени на минимум…..
Средствата за националните установи се за 70% намалени во однос на времето од “заробената држава”, и тоа, во услови кога цените за продукција се двојно или тројно повисоки. Пари има исклучиво за вашите шарени пулени и за нивните квази интердисцинарни проекти.
Резултат на тоа е вашата неспособност за креирање на било какви државни политики.бЗаштитата на културното наследство во уста ја ставате, без срам?
Курбиново е најголем доказ за тоа, 7 години неможете да го довршите проектот што ви го оставивме, абер немате. Истото е со Спомен куќата на Лазар Личеноски.
Еден ваш проект соопштете го јавно! Нека е и реконструкција, а за нов објект сите знаат дека не бевте способни да направите. Еве, јас ќе кажам дека седиштата во Центарот за култура во Кочани ги заменивте со нови, на друго не се сеќавам.
Госпоѓо Лукаревска, објаснете му на народот за тоа за кое што сте платени од државата. Објаснете зошто ја задолживте Македонија преку 4.5 милијарди евра, зошто го покачивте ДДВ на храната, зошто македонскиот народ е осиромашен и опљачкан, зошто ни се иселуваат масовно граѓаните, зошто стопанството и производството ни се пред колапс…. Тоа одговорете, за културата знаеме дека ја дотепавте, стои во објавата на Љутков.