„Од 2017-та година па наваму од 50 до 60% се скратени буџетите и во филмската индустрија“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Љутков додаде дека ако во 2017-та година Драмски театар имал 8 милиони или 9 милиони денари за продукција, оваа година ќе има околу три ипол милиони денари.
„Значи не продуцираме веќе претстави, ние продуцираме претставнички со низок квалитет во однос на костим,
сценографија, во однос напродукцијата“, нагласи тој.
Тој посочи дека во однос на квалитет и квантитет се продуцира многу послаба продукција.
„Ако сме имале до 10, 11 живи претстави, ние денеска имаме 3 до 4 живи претстави. Не продуцираат генерално. Или ако продуцирате, продуцирате нешто што веќе на гледачот не му е пријатно за око. Не можете вие постојано да продуцирате претстави со двајца, со тројца актери, што правата другите 40-тина кои што се вработени во институциите. Не може прстот и вината да се упати кон нив, генерално вината е до министерството и до владата“, рече тој.
Љутков укажа дека поради негрижата на Владата веќе македонската култура и уметници веќе не се меѓународно препознаени.
„Сега имате во филмската индустрија генерално во последен момент кражба, значи се одлеваат огромни средства на милениците на власта, како да им е последно, така некако го третираат, а во однос на сите други сегменти во културата и во заштитата, и во капиталните инвестиции и во музичко сценска духовна дејност немате веќе продукција. Ние имаме само вработени луѓе кои што не продуцираат“, појасни Љутков.