МААК– конзервативната партија на Македонија упати јавен повик до сите граѓани да гласаат за правдата во вториот круг од претседателските избори на 5 мај во недела.
-Свесни дека еден систем на лаги и измами, насилно, неуставно и незаконски инсталиран во Република Македонија, може да биде урнат само на вонредни парламентарни избори; Длабоко убедени дека токму со победа на претседателскиот кандидат на опозицијата,можеме да ги издејствуваме предвремените избори според “пржински” модел;
Според мотото на десните, суверенистички партии за правда,закон и ред ( law and order), застапувано токму од кандидатот на опозицијата;
МААК, како прво формирана, длабоко конзистентна во своите суверенистички ставови, политичка партија, упатува отворен и недвосмислен повик до граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори да и помогнат на правдата да биде победник во државава.
Нека победи правдата, заради демонтажа на неправдата, стои во нивното соопштение.