Идентитетските прашања никогаш и воопшто не требаше да бидат ставени на маса како нешто за што се преговара, бидејќи навистина за тоа не се преговара, смета професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 и вели дека доколку требало ова да се направи ќе го направеле и претходните политичари посочувајќи дека немало Македонија да се измачува 30 години околу членството со Европската унија.
Не знам зошто Македонија изгуби толку години, ако требаше ова да го направиме. Ако го направевме во 90тите години значи немаше да ги изгубиме овие три декари ако беше тоа правилниот пат, ниту пак тие претходни политичари ако било тоа нешто што требало да го направат, ќе го направеле и немало секако да се измачува Македонија за тоа членство во Европската унија.
Груевска Маџоска исткана дека ниту еден сојуз или унија не е вредна за ние да се откажеме од себеси, прашувајќи што би биле ние без историја и без корен.
Но, да се влезе во Европската унија обезличен, јас мислам дека тоа е страшно, всушност ниту еден сојзу, ниту унија не е толку вредно за ние да се откажеме од себеси, бидејќи без историја, без корен што би биле, и всушност што би кажале нашите предци кои што изгубиле толку години за да се изборат за можноста за да се кажат дека се Македонции дека зборуваат македонски јазик, вели Груевска Маџоска.
Груевска Маџоска рече дека не се согласува со терминот заедничка историја, односно како што сметаа таа може да има испреплетена историја, има некои други термини кои што можеби подобро би одговарале отколку заедничка историја и што точно се подразбира под тоа треба некој да објасни.
Јас лично не се согласувам со терминот заедничка историја. Значи има испреплетена историја, има некои други термини кои што можеби подобро би одговарале отколку заедничка историја и што точно се подразбира под тоа треба некој да објасни што се подразбира, дека некој период од историјата ние сме биле исто или што е тоа заедничко, Гоце Делчев е заеднички, историските личности се заеднички, што се подразбира под тоа заеднички бидејќи ние не знаеме затоа што нашите институции со години работат и имаат толку книги изнапишано и сега како ние тоа да го толкуваме, прашува таа.