Магаре има на првата поштенска марка издадена во земјава по промена на уставното име.
Граѓаните веднаш реагираа на социјалните мрежи:
„Првата поштенска марка на северна (двојазична) Македонија!!! Магаре!!!! Подобар избор не можеле да направат! – објави на Фејсбук, Вероника Минов.
Во коментарите под објавата луѓето изразија револт и разочараност од овој потег со двојазичноста и со новонаметнатото име „Северна“, но и со ставањето на магаре на поштенските марки што, според коментарите, може да асоцира дека македонскиот народ е магаре кое на својот грб го носи сиот товар.