Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Времето во сабота ќе биде претежно сончево и топло.
Додека во недела времето ќе биде променливо облачно, попладне со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник времето ќе биде облачно, на места со обилни врнежи од дожд, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.