Мајка трага по својот синот откако вчера вечерта излегол од дома и не се вратил.
-Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20:00 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров (СК) во 22 часот. Излезен е со една вбела Шкода, таблички SK1566AP. Ве молам помогнете ми, пишува мајката во објавата на Фејсбук.
Во коментарите таа додава дека телефонски не можат да го добијат од 7 часот утрово, а според неа помош немаат од полицијата.
Според коментарите на социјалните мрежи, автомобилот последен пат бил забележан денес околу пладне кај поликлиниката во Ѓорче Петров.